4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобедата против Митјиланд е императив

Победата против Митјиланд е императив

зенини

Ракометарките на Вардар, в недела, ќе го одиграат натпреварот од третото коло во Лигата на шампионките, а противник ќе им биде дански Митјиланд. Противникот во Скопје доаѓа со две победи, додека ’црвено црните’ по двата воведни натпревари имаат половичен учинок.

Поразот на Вардар на домашен терен, во првото коло од Ѓер и изненадувачки лесната победа на Митјиланд во Унгарија во второто коло дополнително го зголемува притисокот кај ракометарките на Индира Кастратовиќ, кои по секоја цена ќе мора да го победат данскиот состав.

„Добро го познаваме тимот на Митјиланд, игравме против нив во нашата прва сезона во ЛШ, знаеме со какви ракометарки располага. Нам ни беше многу тешка неделата по поразот од Ѓер, беше тешко да ги вратиме работите во вистинскиот колосек. Митјиланд е тим кој во ниту еден момент не смее да се потцени, поготово тоа не смееме да го направиме сега, по нивната победа во Ѓер. Ние изминатите денови се подготвувавме за нивната игра и мислам дека нема да нè изненадат. Од голема важност за нас е што сите ракометарки се здрави. Недела се приближува, а за нас тоа е меч каде нема да калкулираме туку едноставно мора да победиме“, рече на прес конференцијата тренерот на Вардар Индира Кастратовиќ.

Митјиланд е типичен преставник на данскиот ракомет, форсира брза игра во текот на целиот натпревар и се обидуба голем број од головите да постигне од транзиција. Одговор на ваквата скандинавска игра треба да биде балсканскиот стил кој негува пред се силна и цврста игра во одбраната.

„Тренирав седум или осум девојки од Митјиланд кои што играат во националниот тим на Данска. Ова ќе биде натпревар во кој ќе се судрат скадинавската и балканската ракометна филозофија. Во кариерата често сум играл против екипи и репрезентации од Балканот и секогаш сум се среќавал со цврста игра, со многу контакти во одбраната. Данските екипи не сакаат да играат против такви екипи. Митјиланд одигра идличен натпревар и бев изненаден од нивната победа во Ѓер, но од друга страна сметам дека ние навистина имаме големи шанси да победиме в недела“, рече соработникот во стручниот штаб на Кастратовиќ, Данецот Јан Питлик.

Инаку натпреварот в недела ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, во терминот од 15:15 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП