22 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусија забрани странски тренери во клубовите

Русија забрани странски тренери во клубовите

20.03.2014. Ðîññèÿ, Ñàíêò-Ïåòåðáóðã, Óäåëüíûé ïàðê. Òðåíèðîâêà îñíîâíîãî ñîñòàâà «Çåíèòà» ñ íîâûì ãëàâíûì òðåíåðîì Àíäðå Âèëëàøîì-Áîàøîì

Руското министерство за спорт донесе закон според кој руските клубови не смеет да ангажираат странски тренери, објави Eurosport. Одлуката била донесена кон крајот на септември, а на јавноста ѝ била презентирана на 28-ми октомври.

Од 16 екипи, колку што се натпреваруваат во руската Премиерлига, шест се предводени од странски стручњаци и сé уште не е познато каква ќе биде нивната судбина. Меѓу тренерите странци најпознат е Андре Вилаш-Боаш, кој наводно веќе одлучил по завршувањето на сезоната да ја напушти Русија.

Интересно, оваа одлука не се однесува на руската репрезентација, туку исклучително на клупските тренери. Најголемиот парадокс е во тоа што руските екипи и натаму ќе можат да ангажираат стручњаци од странство, но тие не смеат да бидат главни тренери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП