6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе во Порто ќе ја добие европската титула

Иџе во Порто ќе ја добие европската титула

11137174_649230231843538_3003273074002105681_n

Најдобриот европски возач на ридски патеки, Игор Стефановски Иџе, викендов во Порто ќе ја добие титулата која доминанто ја освои оваа сезона. ФИА, в сабота на гала вечерта во хотелот Пестана Паласио во Порто ќе ги подели титулите на најдобрите во трките на ридски патеки под капата на ФИА за 2015 година.

„Вторпат за две години ќе ја имаме честа да го добиеме драгоцениот пехар како круна на уште една успешна сезона. Тешко ми е да се решам која титула ми е подрага, првата ланска или оваа втората што ја освоив со максимален можен број бодови како потврда на квалитетот. Секако, ова е потврда на одличната работа на сите во тимот, на сите чинители во нашата успешна приказна и возврат на довербата која спонзорите ја имаа во нас“, изјави Иџе.

По двете шампионски сезони на ридски патеки, Иџе доби понуда да вози во многу поатрактивниот европски шампионат на кружни патеки, но за да може да се натпреварува во ова одбрано друштво потребни се значителни финансиски сретства, како што самиот рече околу 300.000 евра годишно.

„Со двете европски титули на ’брдо’ веќе имаме потребно педигре и репутација во европските тркачки тимови на кружни патеки кај кои има расположение да ни ја отворат вратата. Имаме начелни понуди од неколку добри тимови за настап во силни национални и регионални шампионати на кружни патеки, но секако, мојата цел е да го задржам нивото и да ја продолжам кариерата во Европскиот куп на круг, популарниот FIA ETCC. Сепак, како и за се во животот, главната пречка се финансиите затоа што ќе треба далеку повеќе средства и спонзори за да се обезбеди настап во тоа друштво. Тоа ни е најголемата мака и тука ќе се води најголемата борба“, додаде најдобриот македонски автомобилист.

Заедно со гала настанот, во Порто ќе се одржи и годишниот состанок на ФИА и организаторите на трките од Европскиот шампионат на ридски патеки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП