20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОSky: Конте ќе го наследи Мурињо

Sky: Конте ќе го наследи Мурињо

antonio-conte-81988

Актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Антонио Конте би можел да го наследи Жозе Мурињо на клупата на Челзи, пренесува Sky Sports.

Мурињо по серијата на лоши резултати се наоѓа под силен притисок, бидејќи англискиот шампион по десет натпревари во шампионатот се наоѓа на 15-то место со само 11 освоени бодови.

Антонио Конте во кариерата бил тренер на Арецо, Бари, Аталанта и Сиена, а со Јувентус освои три шампионски титули во Серија А и два Суперкупа на Италија.

Челзи во наредното коло ќе игра против Ливерпул, а како што шпекулираат англиските медиуми, сопственикот Роман Абрамович веќе го загубил трпението и во случај на неповолен резултат ќе му врачи отказ на Мурињо.

Натпреварот помеѓу Челзи и Ливрпул ќе се одигра в сабота од 13:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП