18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Победи на Клиперси, Мемфис и Атланта

НБА: Победи на Клиперси, Мемфис и Атланта

jeff-teague

Кошаркарите на ЛА Клиперс, Атланта и Мемфис забележаа победи во натпреварите, кои во ноќта помеѓу четвртокот и петокот, се одиграа во НБА лигата. Клиперси беа убедливи против Далас (104:88), Атланта победи во Њујорк (112:101), а Мемфис славеше кај Индијана (112:103).

Клиперси рутински стигнаа до втората победа во сезоната, во дуел кој го одбележа центарот Деандре Џордан. Еден од најдобрите дефанзивци во лигата во летниот преоден рок ги договори условите со Далас, но на наполни 48 часа пред договорот да стапи во сила тој го смени мислењето и остана во Клиперси.

Џордан мечот го заврши со шест поени, 15 скокови и четири блокади. Најефикасен кај Клиперси беше Блејк Грифин со 26 поени и 10 скокови. Џон Џенкинс со 17 и Дирк Новицки со поен помалку го предводеа Далас.

Индијана водеше против Мемфис во најголемиот дел од мечот, но на крајот гостите се радуваа на победата во Индијанаполис. Во последниот период од играта кошаркарите на Мемфис постигнаа 39 поени.

Марк Гасол со 20 поени и осум скока, односно Мајк Конли со 13 поени и 10 асистенции го предводеа Мемфис до победата, додека кај Пејсерси Џорџ Хил уфрли 20 поени.

Кошаркарите на Атланта во храмот на кошарката „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк ја демонстрираа играат од минатата сезона, кога беа најдобри на Истокот и лесно славеа над Никси.

Џеф Тиг (23 поени, 8 асистенции) и Ал Хрофорд (21 поен, 9 скока) ја предводеа Атланта до победата, додека Робин Лопез се истакна кај Њујорк со 18 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП