21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОШарапова ја пензионираше Пенета

Шарапова ја пензионираше Пенета

peneta

Дуелот против Марија Шарапова, во третото коло на завршниот Мастерс, беше последен во кариерата на Италијанката Флавија Пенета. Италијанката, пред неполни два месеца ја освои титулата на УС Опен и тогаш најави дека по завршувањето на сезоната ќе стави крај на кариерата.

Шарапова славеше над Пенета со 7:6, 6:1 и со максимални три победи ја освои првата позиција во ’Црвената група’. Со максималната победа Шарапова ја повлече во полуфиналето и Агњешка Радванска, која претходно во два сета славеше над минатосезонската финалистка на завршиниот Мастерс, Симона Халеп.

Противничките во полуфиналето Шарапова и Радванска ќе ги дознаат во петок по одигрувањето на натпреварите во ’Белата група’, двојките се Мугуруса-Квитова и Кербер-Шафарова.

Во оваа група Мугуруса има две победи, Кербер и Квитоа имаат по победа и пораз, а Шафарова има два пораза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП