14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ подготвува 40 милиони фунти за Лукаку?

ПСЖ подготвува 40 милиони фунти за Лукаку?

lukaku s

Евертон е подготвен да се раздели со Ромелу Лукаку, но само за вистинската цена која би требало да биде околу 40 милиони фунти, пишува „Дејли Меил“.

Според агентот на напаѓачот, Мино Раиола, Роберто Мартинез ќе го пушти белгискиот голгетер, само доколку пристигне доволно солидна понуда за него, која се очекува да дојде од ПСЖ.

„Лукаку во ПСЖ? Имавме дискусија со Роберто Мартинез и тој ми кажа дека ќе го пушти Лукаку, ако добие добар предлог за него. Да се ​​зборува за тоа надвор од трансфер период, сепак, нема особена смисла“, изјави Раиола.

На крајот на минатата сезона Мартинез ги отфрли тврдењата дека фудбалерот почнал работа со Раиола со идејата да го напушти „Гудисон Парк“, откако клиенти на агентот се ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба и Марио Балотели.

Евертон плати 28 милиони фунти за Лукаку на Челзи, но самиот фудбалер изјави пред извесно време дека сака да игра во Лигата на Шампионите и не ја отфрла можноста да премине во друг тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП