17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглија ќе ја тужи ФИФА поради Мундијалот во Русија

Англија ќе ја тужи ФИФА поради Мундијалот во Русија

fa oo

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) размислува да ја тужи Светската фудбалска федерација (ФИФА) по повод наводите дека гласањето за домаќин на Мундијалот во 2018 година било наместено. Наводите дека изборот на Русија за домаќин на СП во 2018 бил претходно договорен ги откри суспендираниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.

Англичаните, за кандидатурата за Мундијалот во 2018, потрошиле 21 милион фунти од кои 2,5 милиони биле добиени од граѓаните, а сериозни суми пари потрошиле и земјите кои поднесоа заедничка кандидатура Шпанија и Португалија, односно Белгија и Холандија.

„Детално ќе го истражиме она што го рече господинот Блатер. Меѓутоа кога е тој во прашање ништо не може да ме изненади. Ако каже: ’Ние ја сакавме Русија’, тоа изгледа дека било договорено пред самото гласање, односно дека гласањето било наместено“, рекол Грег Дајк првиот човек на англискиот фудбал.

Блатер за руската агенција ТАСС изјави дека од почетокот било планирано Мундијалот да се одржи во Русија, а дека Светското првенство во 2022 година требало да се одржи во САД. Меѓутоа до пресвртот дошло кога Мишел Платини, суспендираниот претседател на УЕФА, ја поддржал кандидатурата на Катар. Инаку сериозни пари за своите кандидатури за Мундијалот во 2022 година потрошиле Австралија, Јапонија и Јужна Кореја.

„Во 2010 година разговаравме околу Светскиот куп и тогаш донесовме двојна одлука – Мудијалот во 2018 да ѝ го доделиме на Русија, бидејќи Светскиот куп никогаш не е одржан во источна Европа, а во 2022 година да се вратиме во САД. Така би имале СП-а во земјите кои имаат најголема политичка моќ. Сé беше во ред до моментот кога тогашниот француски претседател Никола Саркози одржа состанок со принцот на Катар, кој сега владее со оваа земја. Платини тогаш кажа дека би било добро да одиме во Катар, и тоа ја смени ситуацијата“, рече Блатер.

Сеп Блатер, против кого швајцарското обвинителство води истрага, истакнува дека не постоеле никакви пречки Русија да не ја добие кандидатурата за Мундијалот во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП