Фудбалерите на Барселона се изрезилија во куп натпреварот против третолигашот Виљановенсе. Мечот кој комбинираниот тим на Барселона го одигра на гостински терен во рамките на шеснаесетфиналето на „Копа дел Реј“ заврши без победник 0:0.
Тренерот на Барселона Луис Енрике реши да го одмори комплетниот прв тим, но на третолигашот му спротивстави респектабилен состав со Вермален, Даглас, Бартра, Матје, Сампер, Сандо, Адријано, Ел Хадади.
Домаќинот кој се наоѓа на 11-то место во третиот ранг на шпанскиот фудбал, со голема борбеност успеа да остане непоразен, а можеше да направи и сензација, но ударот на Хави Санчез заврши во гредата.
Останатите натпревари од оваа фаза во „Копа дел Реј“ ќе се одиграат на 2.декември. Барселона порано го одигра првиот меч од шеснаесетфиналето поради учеството на Светското првенство за клубови.