11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ донираше спортска опрема за женските екипи во Првата и во младинските...

ФФМ донираше спортска опрема за женските екипи во Првата и во младинските лиги

ffm donacija

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки од германскиот производител – ЈАКО) на екипите од Првата женска лига, а во соработка со ФИФА обезбеди донација за новоформираните младински екипи во повеќе категории во женскиот фудбал (дресови, шорцеви, чорапи, копачки, фудбалски топки – АДИДАС).

Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на десет екипи во 20 категории кои започнуваат да се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.

„Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои имаат намера да придонесуваат за развој на женскиот фудбал во Македонија. Наша заложба е да ги поддржуваме тие кои придонесуваат за развојот на фудбалот од најмалите категории, сè до почетокот на професионалнта кариера. За сите тимови е значајно кога има некој што може да им помогне. Голема благодарност и до ФИФА за поддршката која тие ја дадоа“, истакна генаралниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП