22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена ѕвезда се раздели со Скорцанитис

Црвена ѕвезда се раздели со Скорцанитис

crvena-zvezda

Кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда спогодбено го раскина договорот со грчкиот центар Софоклис Скорцанитис.

„Нашиот клуб ја користи оваа прилика да му се заблагодари на Софо за се што направи за Црвена ѕвезда и што имаше големо разбирање за прекин на соработката. Клубот му посакува многу среќа во понатамошната кариера“, се наведува во соопштението на Црвена ѕвезда.

Грчкиот центар во редовите на актуелниот шампион во АБА лигата пристигна во август како најзвучно засилување во преодниот рок, но на сите натпревари одигра далеку под своето реноме.

Црвена ѕвезда, во вторникот, на центарската позиција го ангажираше својот поранешен играч и репрезентативец на Србија, Владимир Штимац.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП