ИНТЕРЕСНО

СЕХА: Мешков Брест славеше во Скопје

вардар-вардар

Ракометарите на Вардар забележаа пораз во СЕХА лигата од Мешков Брест со 27:28. Вардар против белорускиот шампион го запиша третиот пораз во сезоната, втор во СЕХА конкуренцијата, а прв на домашен терен.

Белорускиот тим во целост ги искористи сите слабости во играта на некомплетниот тим на Вардар и на крајот заслужено славеше во СЦ „Јане Сандански“.

Мешков Брест победата ја најави уште по седум минути игра, период во кој не прими, а постигна пет гола.

Лошиот старт го натера Вардар да ја брка предноста на гостите, која успеа да ја стигне во 41.минута (19:19). Мешков потоа повторно се одлепи на два голови разлика, а Вардар со голот на Брумен на десет минути до крајот израмни на 25:25.

Вардар потоа пропушти три напади за да стигне до водство, но тогаш се истакна голманот на Мешков Чарапенка, а во нападот проработе Кристопанс кој со два гола го однесе својот тим до победата.

Душебаев со шест голови беше најефикасниот играч на Вардар, додека Мешков го предводеше Стојковиќ со осум голови.