11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлатер: Русија нема да ја загуби организацијата на СП 2018-та

Блатер: Русија нема да ја загуби организацијата на СП 2018-та

blater rusija 002

Суспендираниот претседател на светската фудбалска асоцијација ФИФА, Сеп Блатер, изјави дека Русија нема да ја загуби организацијата на Светското првенство во 2018-та година.

На Русија ѝ е доделена организацијата на најголемото светско фудбалско натпреварувањето во 2010-та година пред неколкукратните организатори на мундијалите како Англија, и заедничките кандидатури на Холандија и Белгија и на Шпанија и Португалија.

Претходно во октомври 79-годишниот Швајцарец Сеп Блатер беше суспендиран заедно со челникот на европската организација УЕФА, Французинот Мишел Платини, на 90 денови поради спорната сума од 1,8 милиони евра кои Блатер му ги исплатил на Платини во 2011-та година, за советнички ангажман изведен во 2002-ра година.

После тоа, во општата хајка во западните медиуми против Москва, се појавија информации за испитување како Русија ја добила организацијата на мундијалот, па дури и шпекулации дека може да ѝ биде одземено, иако Блатер цело време тврди дека тоа нема да се случи.

Британското Биро за сериозни проневери (SFO) ја истражува, имено можноста за перење пари, во врска со кандидатурите на Русија за организацијата на СП во 2018-та и на Катар кој ќе биде домаќин во 2022-ра година.

„Тоа е исклучено. Русија нема да ја загуби организацијата на светското првенство“, убеден е Блатер во опширното интервју за руската новинска агенција ТАСС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП