19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти ќе се врати во Челзи, но под еден услов!

Анчелоти ќе се врати во Челзи, но под еден услов!

chelsi anceloti 03

Неодамнешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е на пат да го прекине однапред планираниот едногодишен одмор и да се врати порано од очекуваното.

Италијанскиот стручњак, кој им ја донесе на „кралевите“ толку очекуваната десета европска титула, изјави подготвеност повторно да го преземе Челзи, соопштуваат медиумите во Англија.

Карло се согласил повторно да влезе во работни односи со милијардерот Роман Абрамович, во случај на ексцентричниот Жозе Мурињо му биде покажан излезот на „Стемфорд Бриџ“. А можноста тоа да се случи не е воопшто мала, откако доцна синоќа „сините“ од Лондон претрпеа уште еден крах од почетокот на сезоната.

Шампионот на Англија отпадна од Лига Купот по загуба од Стоук Сити. Речиси сигурно е дека при пораз од Ливерпул овој викенд, „Специјалниот“ ќе се раздели на премногу недоличен за него начин со својот сакан клуб.

Анчелоти сепак бил категоричен пред сопственикот Абрамович дека би застанал повторно на чело на клубот само ако му биде гарантиран постојан договор. Карло ја отфрла можноста да се врати во Лондон само за да ја заврши сезоната поради отпуштањето на својот претходник. Стратегија која рускиот милијардер ја примени пред време при промената на Роберто Ди Матео со Рафаел Бенитез.

Во моментов петкратниот првак на Англија ја зазема 15-тата позиција во Премиерлигата, со цели 11 поени зад лидерите Манчестер Сити и Арсенал и со 5 порази во 10 натпревари од почетокот на првенството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП