Челзи ја продолжи црната низа со елиминацијата од Стоук во осминафиналето во Лига купот на Англија. Впечатокот е дека само прашање на денот е кога менаџерот Жозе Мурињо ќе добие отказ, можно е тоа да се случи по дербито со Ливерпул кое на програмата е викендов.
„Пред неколку месеци победив на неколку натпревари и станав шампион. Луѓето говореа дека некои работи се поважни од резултатите. Сега, луѓето говорат дека резултатите се важни. Тоа е контрадикторно“, рекол Мурињо на прес конференцијата по мечот во Стоук.
Покрај елиминацијата, дополнителни проблеми на Португалецот му донесе и повредата на Диего Коста кој во 33-та минута ја напушти играта.
Челзи, во 92-ра минута избори продолженија, а во пенал серијата пресуди промашениот пенал на Еден Азар.
„Мислите дека моите играчи не даваат сè од себе? Тоа е тажно. Тие вечерва се соочија со луѓето кои говорат и пишуваат и им порачаа: Вие сте глупави“, рекол Мурињо, алудирајќи на коментарите во британските медиуми.