Фудбалерите на Арсенал и на Челзи го завршија своето учество во англискиот Лига куп, откако се елиминирани во осминафиналето.
Шефилд Венздеј славеше над Арсенал со 3:0, а покрај поразот и елиминацијата дополнителни главоболки за менаџерот Арсен Венгер му донесоа повредите на Волкот и Окслејд-Чембрлен кои играта ја напуштија во првите 15 минути од натпреварот.
Челзи на „Британија“ стадионот во Стоук доживеа елиминација по изведувањето на пеналите. Клучниот пенал во последната серија го промаши Еден Азар, претходно мечот заврши со резултат 1:1. Волтерс погоди за Стоук, а Рами во 92.минута постигна гол и го однесе натпреварот во продолжение.
На пенали меѓу осумте најдобри во Лига купот се проби Евертон. ’Карамелите’ го елиминираа Норич со 4:3, во регуларниот дел и во продолженијата резултатот беше 1:1.
По 120 минути игра 1:1 беше резултатот и на мечот Хал-Лестер, а по изведувањето на пенали славеше Хал со 5:3.
Во среда ќе се одиграат преостанатите четири натпревари од осминафиналето: Ливерпул-Борнмут, Манчестер Сити-Кристал Палас, Саутемптон-Астон Вила, Манчестер Јунајтед-Мидлзбро.