26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартува НБА лигата, сите ги ловат Голден Стејт Вориорс

Стартува НБА лигата, сите ги ловат Голден Стејт Вориорс

gs sampioni

Две средби во Источната конференција (Кливленд-Чикаго и Атланта-Детроит), во еден час по полноќ по средноевропско време, ќе го означат почетокот на 70-та сезона во НБА лигата. Два часа подоцна на теренот ќе истрчаат и бранителите на титулата, кошаркарите на Голден Стејт, на дуелот против Њу Орлеанс.

Може ли Леброн Џејмс конечно да го однесе Кливленд до титулата и кој ќе му биде противник во големото финале од супер силната Западна конференција? Ова е најголемата дилема деновиве во кошаркарската јавност во САД.

Иако во поголемиот дел од сезоната се мачеше со повредата на грбот, поради што во претсезоната имаше лимитирана минутажа, а последните две недели воопшто не играше, Леброн тврди дека е максимално подготвен за новата сезона. Кливленд на стартот ќе биде посилен и за Кевин Лав, кој се успешно се рехабилитираше од повредата на рамото, додека на почетокот Кавалирс ќе бидат без првиот плејмејкер Кајри Ирвинг кој сè уште се опоравува од операцијата на коленото.

Никој не се сомнева дека доколку оваа сезона ги заобиколат повредите, дека кошаркарите на Кливленд се апсолутни фаворити на Истокот. Конкуренцијата за врвот на конференцијата ќе им бидат франшизите од Атланта (лани број 1 на Истокот), Чикаго (со Дерик Роуз и новиот тренер Фред Хојберг), односно Торонто кој лани имаше добра сезона, а во пресрет на оваа се засили со Демар Керол (Атланта) и Кори Џозеф (Сан Антонио).

Тука и завршува кругот на екипите кои ќе се борат за првата позиција на Истокот, односно екипите кои ќе играат во плејофот. Изненадување може да биде младиот тим на тренерот Џејсон Кид, Милвоки Бакс, Мајами може да има добра сезона но само доколку Двејн Вејд и Крис Бош бидат здрави.

Првите неколку недели ќе ги покажат вистинските можности на Индијана, која остана без центарскиот двоец Рој Хиберт-Дејвид Вест, но тимот повоторно ќе го има Пол Џорџ кој ја пропушти ланската сезона поради повреда, односно можностите на Вашингтон, Детроит и Бостон.

За разлика од Истокот каде работите помалку или повеќе се предвидливи, на Западот владее вистинска ’лудница’.

Минатата сезона Голден Стејт ги искористи слабостите на противниците и со врвна кошарка во двата правци ја освои титулата. Дали овој тим на Голден Стејт има вистински шампионски матерјал ќе покаже оваа сезона најмногу поради непишаното правило дека „секогаш е потешко да го одбраниш освоеното“.

Голден Стејт во новото првенство влегува со непроменет состав и тоа е главната сила на екипата која ја предводи Стив Кер.

Позицијата на тимот од Оукленд ќе ја напаѓаат Оклахома, Хјустон, Сан Антонио, ЛА Клиперс.

За Оклахома велат дека е тимот кој го има најдобриот напаѓачки потенцијал во лигата. Поголемиот дел од минатата сезона го одиграа без ударното трио Дурент-Вестбрук-Ибака поради што ’громовите’ не влегоа во плејофот. Оваа година приказната е поинаква, споменатите тројца се здрави и ’гладни’ за успех, шпекулациите велат дека Дурент можеби ја играа својата последна сезона во Оклахома, бидејќи од наредното лето тој ќе стане слободен играч. Најголем дел од аналитичарите во САД сметаат дека Оклахома ќе биде прва на Западот во регуларниот дел од сезоната.

Инаку Оклахома во шампионатот влегува и со нов тренер Били Донован, кој две децении го предводеше Универзитетот Флорида.

Хјустон, минатата сезона загуби во конференциското финале од Голден Стејт, во кое Харден ја немаше поддршката од Хауард. За ова првенство раководството реши да му ја олесни задачата на Харден и на плејмејкерската позиција го донесоа плејмејкерот со „Ол Стар“ потенцијал Тај Лосон.

Сан Антонио најконстантната франшиза во последните две децении во НБА лигата, го реновираше својот тим во пресрет на новата сезона. Под обрачите се засилија со Ламаркус Олдриџ, Дејвид Вест и Бобан Марјановиќ, Џинобили и Данкан ги продолжија договорите, а единствено што може да го загрижи тренерот Поповиќ е лошата форма на Тони Паркер.

ЛА Клиперси неколку години го напаѓаат врвот на Западната конференција, но никако не успеваат да се искачат на него. Раководството откри дека ’тенката клупа’ е причината што тимот досега не се вмешал во борба за титулата и во преодниот рок се чини дека го реши тој проблем. Нови играчи на ЛА Клиперс се Џош Смит, Ленс Стивенсон и ветеранот со шампионско искуство Пол Пирс.

Во ова друштво би можел да влезе и Мемфис, тим кој сè уште негува кошарка од некои минати времиња, со двајца класични центри. Мемфис сигурно ја има најдобрата центарска линија во лигата, но за нешто повеќе ќе им треба и подобар шут од надворешните позиции, па поради тоа во тимот пристигна Мет Барнс од ЛА Клиперс.

Кандидати за пласман во плејофот се Њу Орлеанс предводен од Ентони Дејвис, потоа Јута, целосно рекунструираниот Портланд, односно Далас. Исто така сигурно е дека ЛА Лејкерс ќе  бидат далеку од врвот и дека Коби Брајант најверојатно ја игра својата последна сезона во кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП