27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВолф: Луис и Нико се непријатели од иста гаража

Волф: Луис и Нико се непријатели од иста гаража

luis-i-niko

Директорот на Мерцедес, Тото Волф, рекол дека челниците на тимот ќе разговараат со двајцата возачи Луис Хамилтон и Нико Розберг. Волф истакнал дека луѓето од Мерцедес сакаат да се уверат дека малиот инцидент кој се случи помеѓу возачите нема да има никакви последици по екипата.

Хамилтон победи во трката за Големата награда на САД, во Остин и ја освои втората шампионската титула во низа, а трета во кариерата.

Пилотите на Мерцедес имаа близок контакт во првиот свиок, кога Хамилтон успеа да го мине Розберг кој стартуваше од пол позицијата. Подоцна Германецот се врати на челната позиција, но на 10 кругови до крајот на трката направи грешка, што Хамилтон го искористи за да се врати на чело на трката и подоцна да ја забележи 43-та победа во кариерата.

По трката, пред излегувањето на победничкиот подиум, Хамилтон му го дофрлил капчето на Розберг, а овој нервозно му го вратил. Волф по повод овој инцидент рекол дека на сите во тимот сè уште им се свежи сеќавањата на минатогодишната вжештена атмосфера помеѓу Хамилтон и Розберг по трката за Големата награда на Белгија, кога имаа судар и не ја завршија трката.

„Сега е моментот да се осигураме дека екипата нема да трпи последици како што тоа беше случај лани по трката во Белгија. Тие се непријатели, но исто така се членови на иста екипа, поради тоа и не можеме да очекуваме Розберг да се радува на победата на Хамилтон“, изјавил Волф за британските медиуми.

Шампионатот во Формула 1 продолжува на 1.ноември со трката за Големата награда на Мексико, а потоа ќе се возат трките во Бразил и Абу Даби.

Инаку Мерцедес веќе ги освои двете титули, кај возачите и конструкторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП