11 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтевенс нов тренер на Хофенхајм

Стевенс нов тренер на Хофенхајм

stevens hof

Фудбалскиот клуб Хофенхајм го именуваше Холанѓанецот Хуб Стевенс за нов тренер на првиот тим. Хофенхајм, во неделата, му врачи отказ на Маркус Гисдол поради очајните резултати, откако по десет рунди во Бундеслигата тимот се наоѓа на последното место со само шест освоени бодови.

Гисдол на клупата на Хофенхајм седна во април 2013-та година, а минатата сезона по голема борба успеа да избори опстанок во Бундеслигата.

„Ова не беше лесна одлука. Покажавме трпеливост за време на соработката со Маркус“, рекол спортскиот директор на Хофенхајм Александер Роси.

Хофенхајм во петокот загуби на домашен терен од Хамбург со 0:1 и остана на само една победа во сезоната.

Стевенс (61) во изминатите две сезони беше тренер на Штутгарт, а во кариерата работел во Шалке, Рода, Келн, Херта, ПСВ Ајндховен и Салцбург. Најголемиот успех го има постигнато во 1997-ма година кога со Шалке го освои Купот на УЕФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП