21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрбиновски повеќе не е селектор, прв пик на МКФ е Докузовски

Србиновски повеќе не е селектор, прв пик на МКФ е Докузовски

Marin-Dokuzovski-sulekha.com_

Марјан Србиновски повеќе не е селектор на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, откако Управниот одбор на Федерацијата, на седницата во понеделникот, реши да му се заблагодари за соработката.

Управниот одбор на седницата го прифатил извештајот на Србиновски и извести дека ќе бара нов селекторот, кој ќе ја предводи Македонија во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2017 година.

Како што изјави спортскиот директор на репрезентацијата Заре Марковски, Србиновски по пат на електронска пошта ја известил Федерацијата дека повеќе не сакал да биде селектор.

Инаку прва опција за селекторската функција на Марковски и претседателот на МКФ Петар Наумовски е Марин Докузовски кој со репрезентацијата го постигна најголемиот успех во историјата на македонската кошарка.

Марјан Србиновски стана селектор на почетокот на јули, откако МКФ ја раскина соработката со тогашниот селектор Александар Џикиќ. Србиновски ја предводеше репрезентацијата на ЕП и не успеа да ја мине првата фаза, откако загуби на четири од петте натпревари во групата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП