5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Ѓоковиќ недопирлив за конкурентите

АТП: Ѓоковиќ недопирлив за конкурентите

djokovicact_2393651b

Новак Ѓоковиќ ја започна својата 170-та недела на првото место на АТП листата, со што на вечната листа се израмни со легендарниот Американец Џон Мекинро. На најновата АТП листа, српскиот тенисер, има 605 бодови повеќе од Енди Мари и Роџер Федерер.

Пред Ѓоковиќ на вечната листа се наоѓаат уште Џими Конорс (268), Иван Лендл (270), Пит Сампрас (286) и Роџер Федерер (302).

Србинот кој доминира оваа година во светскиот тенис на првото место има 16.785 поени, што е за 605 бодови повеќе од заедничкиот учинок на Енди Мари и Роџер Федерер. Мари на второто место има 8.250, а Федерер на третото место 7.930 бодови.

Инаку на најновата АТП листа нема никакви промени во Топ 10, зад најдобрите тројца се наоѓаат Стан Вавринка, Томаш Бердих, Кеи Нишикори, Рафаел Надал, Давид Ферер, Милош Раониќ и Жо-Вилфред Цонга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП