4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА: И Ал Калифа влегува во изборната трка

ФИФА: И Ал Калифа влегува во изборната трка

al kalifa 00

Претседателот на Азиската фудбалска конфедерација, шеикот Саламан бин Ибраин Ал Калифа, ја поднел својата кандидатура за претседател на ФИФА.

Ал Калифа е шестиот кандидат за претседателските избори на кои на 26-ти февруари наредната година ќе се избира наследникот на Сеп Блатер.

Покрај Ал Калифи досега учество во претседателската трка најавија претседателот на УЕФА Мишел Платини, јужноафриканскиот тајкун Токи Сексвале, поранешниот функционер на ФИФА Жером Шампањ, јорданскиот принц Али бин Ал Хусеин и поранешниот капитен на репрезентацијата на Тринидад и Тобаго Дејвид Накид.

Инаку актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, во мај го освои својот петти мандат на чело на организацијата, но откако таа беше потресена од серијата корупциски скандали, тој најави повлекување од функцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП