1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВеселин Вујовиќ го напушта Загреб!?

Веселин Вујовиќ го напушта Загреб!?

vv zagreb 1

Веселин Вујовиќ си поднел оставка по поразот на Загреб, во Истанбул од Бешикташ (32:30), во шестото коло во Лигата на шампионите.

Раководството на Загреб сака Црногорецот да остане на клупата, а за лошата игра и поразот во Истанбул ги обвиниле играчите, јави Хрватската радио телевизија (HRT).

„Нападот беше лош, одбраната уште полоша, а голманите ги немаше никаде“, разочаран од поразот ја искоментирал играта на својот тим Вујовиќ.

Дали Вујовиќ ќе замине од Загреб, дефинитивно ќе биде познато во понеделник, по состанокот со првиот човек на клубот Зоран Гопац.

Инаку, Вујовиќ досега бележеше одлични резултати со младиот тим на Загреб, а во минатата сезона успеа да стигне и до четвртфиналето во Лигата на шампионите. Покрај Загреб, тој е и селектор на репрезентацијата на Словенија.

Во А групата во Лигата на шампионите по шест одиграни натпревари Загреб се наоѓа на петтото место со три победи и исто толку порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП