10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ ја доби драмата против Цибона

МЗТ ја доби драмата против Цибона

mzt-mztoooo

Кошаркарите на МЗТ ја забележаа третата победа во низа, во АБА лигата, откако на домашен терен во исклучително драматичен меч славеа над Цибона со 69:68.

Победникот во „Јане Сандански“ се решаваше во последните 30 секунди, во кои МЗТ влезе со предност од 69:68, откако Хукиќ погоди тројка за Цибона. Потоа домашниот плејмејкер Љубичиќ ги промаши двете слободни фрлања, а Луковиќ го изблокира обидот на Флоренс. Цибона имаше 3,5 секунди за последниот шут, Јоксимовиќ се обиде од аголот но не успеа да погоди.

Дреновац со 18 и Луковиќ со 13 поени го предводеа МЗТ до победата, додека кај Цибона најефикасни беа Жижиќ со 18 и Флоренс со 16 поени.

МЗТ по седум кола има скор од четири победи и три порази и заедно со уште шест други екипи има позитивен скор.

Во наредното коло на 31.октомври МЗТ ќе гостува кај Крка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП