9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико славеше над Валенсија, ‘хет трик’ на Луис Суарез против Еибар

Атлетико славеше над Валенсија, ‘хет трик’ на Луис Суарез против Еибар

фуд1

Фудбалерите на Барселона славеа над Еибар со 3:1 и се израмнија на првата позиција со лидерот Реал, додека Атлетико во дербито славеше над Валенесија со 2:1, со што екипата од „Винсенте Калдерон“ стигна до третото место со два бода помалку од лидерската двојка.

Барселона против аутсајдерот Еибар славеше со 3:1, а натпревареот го одбележаа Луис Суарез и лошиот судија Дел Сал.

Еибар прв постигна гол преку Бастон, а потоа Суарез со ‘хет трик’ ја обезбеди победата на Барселона. Инаку Уругваецот на денешен ден пред една година го одигра својот прв натпревар во дресот на Барселона.

За една година Суарез за Барса настапил на 58 натпревари и постигнал 35 голови и забележал 26 асистенции.

Атлетико против Валенсија доминираше во текот на целиот натпревар, а успеа да забележи само победа од 2:1.

Играчите кои го засилија тимот во летниот преоден рок Џексон Мартинез и Јаник Караско ги постигнаа головите за ‘јорганџиите’. Мартинез ја казни грешката во потесната одбрана на Валенсија, а Караско погоди по одлична соло акција.

Во вториот дел Пако Алкасер намали од пенал, откако Годин направи непотребен пенал врз Мустафи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП