9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНуклеарната одбрана на Британија ќе чини 167 млрд фунти

Нуклеарната одбрана на Британија ќе чини 167 млрд фунти

подморници-британија

Вкупните трошоци на замената и одржувањето на нуклеарната одбрана на Велика Британија ќе достигне 167 милијарди фунти, многу повеќе отколку што се очекуваше, покажуваат пресметките направени врз основа на официјалните податоци.

Доколку овие процени се покажат точни, тоа ќе им даде дополнителни аргументи на критичарите кои велат дека Велика Британија не би требало да троши толкави суми на одбраната во време кога владините мерки за штедење го погодуваат просечното британско семејство.

Владата на премиерот Дејвид Камерон досега уверуваше дека трошоците за замена застарените подморници кои носат ракети со нуклеарни боеви глави ќе чинат само меѓу 15 и 20 милијарди фунти.

Критичарите, вклучително и Шкотската национална партија (SNP) која се зазема за отстранување на системот „Тридент“ од Шкотска, проценуваа дека Британија ќе мора да потроши 100 милијарди фунти, врз основа на извештајот на специјалната комисија од 2014 година.

Во пишаниот одговор на конзервативниот пратеник Криспин Блант, министерот за одбрана Филип Дан наведе во петокот дека четирите нови подморници ќе чинат 25 милијарди фунти. Министерот додаде дека трошоците за одржување на „пензионираните“ подморници ќе изнесува околу 6 отсто од годишниот буџет на одбраната. Вкупниот воен буџет за 2014/2015 година изнесуваше 33,8 милијарди фунти, а за 2015/2016 порасна на 34,1 милијарди фунти.

„Мојата пресметка покажува дека вкупните трошоци за подморниците до 2028 година и продолжувањето на ракетната програма до 2060 година, ќе изнесува 167 милијарди фунти. Врз обновената програма ‘Тридент’ ќе бидат потрошени повеќе од двојно повеќе пари отколку за неговиот претходник… Таа цена за нашите даночни обврзници и конвенционална војска е превисока, нерационална и нечувствителна“, оцени Блант.

Запрашан за тој голем пораст на трошоците, портпаролот на министерството за одбрана изјави дека владата изработила анализа на алтернативата на програмата „Тридент“ која „покажа дека ниеден алтернативен систем не е ефикасен и исплатлив како Тридент“.

„Со издвојувањето од околу 6 отсто од годишниот одбранбен буџет, трошоците за замената и одржувањето на нуклеарната програма се прифатливи и претставуваат инвестиција во капацитети кои имаат важна улога во британската национална безбедност“, додаде портпаролот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП