10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп ќе почека на првата победа со Ливерпул

Клоп ќе почека на првата победа со Ливерпул

_86321673_mane_reuters

Ливерпул и Саутемптон одиграа 1:1 во последниот натпревар од десеттото коло во англиската Премиерлига.

Новиот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, и на третиот меч не успеа да оствари победа, откако во претходното коло ремизираше со Тотенхем, а во четвртокот одигра без победник и со Рубин во Лига Европа.

Ливерпул беше подобар противник, имаше поголем посед на топка (60 отсто), но не успеа да го материјализира сето тоа. И покрај доминацијата на теренот која ја имаше Ливерпул, Саутемптон во првиот дел ја имаше најдобрата шанса, кога ударот на Ван Дајк со глава Мињоле со краен напор успеа да го одбрани.

Ливерпул до предност стигна во 77.минута, кога Кристијан Бентеке со глава го совлада Стекеленбург. ‘Црвените’ не ја сочуваа предноста, во 86.минута Рамирез нафрли на втората статива, а Мане пред Мињоле и Милнер буквално ја протурка тoпката во голот.

Во останатите неделни натпревари Тотенхем со ‘хет трикот’ на Кејн славеше кај Борнмут со 5:1, а дербито на Манчестер заврши без голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП