5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПразни пушки во манчестерското дерби

Празни пушки во манчестерското дерби

mmm

Дербито на Манчестер кое се одигра во рамките на 10.коло, во Премиер лигата, заврши без голови. Јунајтед и Сити со прикажаното им останаа должни на навивачите кои дојдоа на „Олд Трафорд“ и на милионскиот телевизиски аудиториум.

Двата тима во текот на целиот натпревар беа оријентирани да не примат гол, а не како да нападнат кон голот на противникот.

Дека дербито беше лошо говори и податокот дека во текот на 90.минути беа упатени само два директни удари. Играчите на Јунајтед се обидоа во 85.минута кога Лингард ја погоди гредата, а две минути подоцна Харт го одбрани ударот на Смолинг.

Фудбалерите на Манчестер Сити во текот на целиот меч ниту еднаш директно не го загрозија голот на Де Хеа.

По овој меч Сити се врати на чело на табелата со 22 бода, колку што има и Арсенал, а Јунајтед е на четвртото место со 20 бодови колку што има и третопласираниот Вест Хем.

Во вториот неделен меч Тотенхем како гостин со 5:1 го декласираше Бормут. ‘Хет трик’ на овој меч постигна Хари Кејн. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП