26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЊу Орлеанс се откажа од Бо Мекејлеб

Њу Орлеанс се откажа од Бо Мекејлеб

bo

Лестер Бо Мекејлеб, поранешниот плејмејкер на македонската кошаркарска репрезентација, сезонава нема да игра во НБА лигата, откако не успеа да обезбеди договор со тимот на Њу Орлеанс Пеликанс.

Мекејлеб, кој има голема желба да заигра во најсилното кошаркарско првенство во светот, во претсезоната одигра четири натпревари за Њу Орлеанс, чие раководство пред стартот на сезоната реши да им се заблагодари на тројца играчи, меѓу кои е и поранешниот играч на Партизан, Монтепаски, Фенербахче и Баерн Минхен.

На четирите средби во претсезоната Мекејлеб имал учинок од 2,8 поени и 2,3 асистенции по натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП