6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар го декласира Кјелце

Вардар го декласира Кјелце

var

Ракометарите на Вардар го декласираа Кјелце со 34:24 (18:14) во дерби мечот од шестото коло, во Б групата, во Лигата на шампионите.

‘Црвено-црните’ го одиграа најдобриот меч во досегашниот дел од сезоната и со камата му наплатија на Кјелце за минатосезонската елиминација во четвртфиналето.

Дека на полскиот шампион не му се пишува ништо добро во „Јане Сандански“, вардаровите ракометари најавија уште во раната фаза на натпреварот, уште во десеттата минута стигнаа до предност од четири гола (6:2).

Во наредните две минути се случи единствениот период на добрата игра на Кјелце, кога постигнаа три гола за (6:5).

Потоа од 12-та минута до крајот на мечот на теренот играа само вардаровите ракометари. Вардар во 27.минута стигна до 17:12, а на полувреме замина со предност од четири голови (18:14).

Фуриозната игра на стартот од вториот дел ги реши сите дилеми околу конечниот победник. Вардар од 30. до 37.минута со серија од 6:1 стигна до 24:15. До финишот на мечот ‘црвено црните’ лесно ја одржуваа предноста, а во 57.минута таа достигна до максимални 11 голови (33:22).

Во секој сегмент Вардар делуваше моќно над својот противник, нападот течен со расположените Дибиров и Горбок, а одбраната цврста, и кога и да ја минеа дефанзивната линија на Вардар пред полските играчи стоеше Штербик.

Горбок и Дибривов со по осум голови беа најефикасни во тимот на Вардар, а голманот Штербик имаше 12 успешни интервенции.

Во Лигата на шампионите следува пауза поради неделата на ЕХФ, а Вардар наредниот меч ќе го одигра на 14.ноември каде ќе гостува во Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП