Фудбалерите на минхенски Баерн, во саботата, станаа првиот германски тим кој забележал 1.000 победи во Бундеслигата. Екипата на Пеп Гвардиола, во 10 коло, славеше над Келн со 4:0 и го задржа максималниот ефект.
Покрај победата, задоволство кај Гвардиола има и поради враќањето на Арјен Робен, кој во 35.минута го постигна првиот гол на натпреварот. До крајот на мечот мрежата на Келн ја погодија Артуро Вида, Роберт Левандовски и Томас Милер.
Најинтересниот меч, во саботата, го одиграа Баер Леверкузен и Штутгарт. ‘Фармацевтите’ слично како и против Рома во Лигата на шампионите се извлекоа од работ на бездната. Штутгарт по еден час игра имаше предност од 3:1, но играчите на Баер имаа фуриозен финиш. Најпрвин Бениш и Чичарито постигнаа голови за израмнување, а Мехмеди во претоследната минута ги постави конечните 4:3.
Волфсбург се искачи на втората позиција откако славеше гостинска победа во Дармштад. Калиџури го постигна единствениот гол на мечот во 78.минута.
Вердер и Ајнтрахт запишаа гостински победи, Вердер славеше во Мајнц со 3:1, Ајнтрахт во Хановер со 2:1.