9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПедроса на пол позицијата во Малезија, Роси пред Лоренцо

Педроса на пол позицијата во Малезија, Роси пред Лоренцо

pedrosa 33

Возачот на Репсол Хонда, Дани Педроса ја освои пол позицијата во пресрет на претпоследната трка во кралската класа, во Мото ГП шампионатот, Големата награда на Малезија.

Педроса до првата пол позиција, по пауза од повеќе од една година, стигна со најбрзиот круг на патеката „Сепанг“ кој изнесуваше 1:59.053 минути.

Заедно со Шпанецот трката од првиот стартен ред ќе ја започнат неговиот клупски колега и сонародник Марк Маркез и лидерот во генералниот пласман, возачот на Јамаха Валентино Роси.

Педроса беше доминантен во квалификациите, тој беше за четири десетинки побрз од најблискиот конкурент. Инаку, вербалната војна на Маркез и Роси се пренесе и на патеката. Италијанецот за време на тренингот одбиваше младиот Шпанец да биде зад него, секогаш кога ќе го забележеше тој ја намалуваше брзината и го пушташе да помине.

Трката во Малезија од вториот ред ќе ја започнат Хорхе Лоренцо (Јамаха), Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда) и Андреа Јаноне (Дукати).

Трката за Големата награда на Малезија ќе се вози в недела со почеток во осум часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП