17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрег Поповиќ ќе го наследи Кжижевски по ОИ во Рио

Грег Поповиќ ќе го наследи Кжижевски по ОИ во Рио

lat-sp-gregg-popovich-photo-20140315

Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ, ќе биде селектор на репрезентацијата на САД од 2017 до 2020 година. Поповиќ на клупата на националниот тим ќе го наследи Мајк Кжижевски кој ќе се повлекува по Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

„Голема чест преставува именувањето за селектор на САД. Она што е постигнато под водство на Џери Коланџело (директор на репрезентацијата) и Мајк Кжижевски е навистина неверојатно, а јас ќе се потрудам да ги задржам високите стандарди кои тие ги поставија“, рекол Поповиќ.

Репрезентацијата на САД нема пораз уште од полуфиналето на Светското првенство во 2006 година и се наоѓа во серија од 63 победи. Во тој период Американците освоија златни медали на две светски првенства и на две Олимпијиади.

Грег Поповиќ 19 години е тренер на Сан Антонио, пет пати ја има освоено титулата во НБА лигата, а три пати бил избиран за тренер на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП