7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев го повреди мускулот, ќе отсуствува еден месец

Пандев го повреди мускулот, ќе отсуствува еден месец

pandevev

Горан Пандев поради повреда на бутниот мускул на левата нога ќе отсуствува од терените околу четири недели, информираат италијанските медиуми.

Поради повредата, Пандев само ќе го продолжи отсуството од тимот на Џенова, бидејќи тој веќе пропушти три натпревари (Милан, Удинезе, Киево) поради црвениот картон кој го доби на 23.септември на мечот во Рим со Лацио.

Напаѓачот на Џенова кој најави и враќање во македонската репрезентација по двегодишно отсуство, ќе пропушти уште четири натпревари на својот тим (Емполи, Торино, Наполи, Фрозиноне).

Пандев на располагање на тренерот Гасперини би требало да се врати на 22.ноември за мечот со Сасуоло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП