5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку пари ќе заработува Мајкл Џордан во 2020-та година?

Колку пари ќе заработува Мајкл Џордан во 2020-та година?

majklce 00

Сите знаеме дека Мајкл Џордан е многу богат. Тој е еден од најдобрите кошаркари во светот на сите времиња, а неодамна беше прогласен од списанието „Forbes“ за првиот спортист кој поседува повеќе од 1 милијарда долари.

Повеќе од половина од богатството на Џордан е формирано од неговиот удел од 90% во кошаркарскиот тим Шарлот Хорнетс, кој се проценува на 500 милиони долари. Другиот главен извор на приход на Џордан е неговиот договор со „Nike“.

Во 2014-та година, брендот „Jordan“ забележа продажба на спортски обувки само во САД во вредност од 2,6 милијарди долари. Како резултат на тоа Џордан доби 100 милиони долари.

Но да видиме каква е проценетата вредност на неговите приходи за 2020-та година.

„Nike“ објави продажба од 30,6 милијарди долари за минатата година. Неодамна главниот извршен директор на компанијата, Марк Паркер соопшти на средба со инвеститорите дека планира до 2020-та година компанијата да има продажба од над 50 милијарди долари.

Сега да се вратиме на „воздушниот“, како уште го нарекуваат Мајкл Џордан. Паркер предвидува дека во 2020-та година, брендот „Jordan“ ќе има продажба од околу 4,5 милијарди долари. Како споредба, со приходи од 2,6 милијарди Џордан доби 100 милиони долари, тогаш може да се очекува дека при 4.5 милијарди, тој ќе земе меѓу 190-200 милиони долари.

Потсетуваме дека во целата кошаркарска кариера Џордан добил од плати вкупно 93 милиони долари. Иако тој одамна не се натпреварува, можеме да кажеме дека тој се уште владее во играта наречена бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП