
Кошаркарите на Црвена ѕвезда на натпреварот со Реал во Мадрид соборија еден негативен рекорд во Евролигата.


Кошаркарите на Црвена ѕвезда на натпреварот со Реал во Мадрид соборија еден негативен рекорд во Евролигата.
‘Црвено белите’ на крајот од првото полувреме имаа негатива од 36 поени (56:20).
Ова е најголемата негатива која еден тим ја имал на полувреме во евролигашки натпревар, преходно во 2013 година Фенербахче губел од Барселона по 20 минути игра со 53:19.
Црвена ѕвезда до крајот на мечот успеа да избегне тотално фијаско, во еден момент од третата четвртина имаше негатива од 47 поени, а на крајот Реал победи со 98:71.