11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖРК Металург цели на пресметка со Холстебро

ЖРК Металург цели на пресметка со Холстебро

zeni met 003

Ракометарките на Металург се подготвени за реванш пресметката со холандски Вестфрисланд во второто коло, во Купот на победниците на куповите (КПК).

Првиот меч одигран минатата недела во Холандија заврши со минимална победа на ЖРК Металург (24:23), резултат кој дава надеж дека екипата од „Автокоманда“ ќе може да избори пласман во наредната рунда.

„Пред почетокот на сезоната наша цел е да одиме подалеку од она што го направивме минатата сезона. Девојките работат напорно и јас се надевам дека ќе ја исполниме целта. И покрај победата во првиот меч Холанѓанките се незгоден тим, добро знаеме каков женски ракомет има Холандија. Победивме на првиот меч, но сè уште ништо не е готово, сигурно е дека тие ќе дојдат на реваншот со цел да го надоместат загубеното. Сметам дека моите девојки ќе можат да одговорат на овој предизвик“, изјави на прес конференцијата тренерот на ЖРК Металург Александар Петровски.

Доколку ЖРК Металург го мине второто коло, во третото за противник ќе го имаат данскиот тим Холстебро.

Мечот помеѓу ЖРК Металург и Вестфрисланд ќе се одигра в сабота, во салата во „Автокоманда“, со почеток во 17 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП