20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар: Целосна мобилизација за Баја Маре

Червар: Целосна мобилизација за Баја Маре

cervar lino 002

Двата несреќни пораза, во Норвешка и Романија, целосно ја мобилизираат четата на Лино Червар во пресрет на натпреварот со Баја Маре. Металург ќе го пречека романскиот тим в недела, со надеж дека ќе се реваншира за поразот од пред пет дена.

Неискуството е причината што Металург нема уште некој бод повеќе на своето конто, на табелата во Д групата во Лигата на шампионите. Откако во Норвешка, буквално во последната секунда остана без бод, во неделата Металург со бројните технички грешки во нападот едноставно му ја подари победата на Баја Маре.

„Видете што е спортот, кога започнавме со натпреварите во Лигата на шампионите многумина рекоа дека бидеме среќни доколку освоиме некој бод, меѓутоа да не беа овие два несреќни пораза можевме да бидеме дури и на врвот во нашата група. Сепак, тоа е спортот. Во иднина можеме да очекуваме екипата да се крева и спушта, знаете дека од 16 ракометари 11 имаат 18, 19, 20 години. Тоа е големо неискуство, особено жалам за оној меч во Скјер, каде можевме да освоиме важен бод. Жалиме што не ги искористивме шансите, но јас лично не можам да бидам незадоволен, нема да го критикувам тимот кој покажа квалитет, играчите се бореа до крај. Јас и натаму ќе инсистирам моите играчи да бидат скромни, вредно да работат, мора да разберат дека постојано треба да се докажуваат“, рече на прес конференцијата пред неделниот меч тренерот на Металург, Лино Червар.

„Баја Маре според имињата има посилен тим од нас, иако Афлитулин не играше на првиот меч, но на неговата позиција одлично одигра Карачиќ. Главни играчи се екс унгарскиот репрезентативец Татари, потоа Иванчик, десниот бек Садовиц за кого мора да најдеме решение како да го запреме. Рамба на првиот меч ни создаде многу проблеми, а многу е опсен и поранешниот пикер на Веспрем, Виловски. Доколку сакаме да победиме, ќе мора ментално да бидеме подготвени за нив. Искуството е на страната на Баја Маре“, дополни Червар.

Кога станува збор за здравствениот билтен, неизвесен за дуелот со Романците е Мраковчиќ, тој не играше против Радовиш во средата, додека Божовиќ иако игра сé уште не е целосно рехабилитиран.

„Мораме да се бориме максимално, сметам дека одбраната ќе биде клучна, тука можеме да им парираме. Во нападот ќе мора да ги намалиме техничките грешки“, рече Червар.

Натпреварот Металург-Баја Маре се игра в недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП