7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар подготвен за Киелце

Вардар подготвен за Киелце

vardar kielce 33

Полскиот шампион Киелце ќе биде наредниот противник на Вардар во Лигата на шампионите.

Киелце е противникот кој минатата сезона го елиминираше Вардар во четвртфиналето, а подоцна на завршниот турнир го освои третото место.

Вардар во овој меч влегува по поразот од Колдинг и со неколку персонални проблеми. Неизвесен е настапот на Тоскиќ, а Стоилов нема да игра поради повреда на рамото.

„Ние се наоѓаме во добра ситуација, први сме во групата со осум бода. Победата ќе биде значајна за понатамошниот настап во групата. Киелце е добар и организиран тим и поради тоа ќе мораме да бидеме агресивни во одбраната и, пред сé, да го сопреме најдобриот светски пикер Агина Галде“, рече тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Добра вест за Вардар е што во тимот се враќаат голманот Штербик и десниот бек Душебаев, кои го пропуштија гостувањето во Данска.

„Знаеме се за Киелце, и тоа е една од најдобрите европски екипи, тоа е тим кој е добро подготвен и кој секогаш игра договорени акции. Ние мора да ја подобриме нашата игра во одбраната“, рече Алекс Душебаев.

Натпреварот од Б групата Вардар – Киелце се игра во сабота од 17.30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП