2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGeneral Motors ќе исфрла модели од сопствената гама

General Motors ќе исфрла модели од сопствената гама

impala gm 33

Америнаксиот гигант „General Motors“ ќе ја преиспита гамата на модели за да ги скрати трошоците и да може да се натпреварува поуспешно со останатите автомобилски производители. Ова го соопшти шефот на концернот Мери Бара во интервју за изданието „Automotive News“.

Во моментов американскиот производител нуди широка линија на модели, особено на домашниот пазар. Таа се протега од компактни автомобили до тешки пикапи. Некои од сегментите сепак не носат приходи и затоа компанијата треба да реагира брзо и да ги промени плановите, покажува информацијата.

Еден од овие сегменти е на големите седани, што ја става под огромен прашалник иднината на „Chevrolet Impala“ (на фотографијата).

Мери Бара изјави дека се уште не е донесена конечна одлука за ова прашање, но според експертите токму овој модел ќе отиде во историјата. Под името „Impala“ во различни временски периоди, „GM“ пушташе модели кои на никаков начин не беа поврзани еден со друг. Првично возилото се предлагаше како модел со заден пренос и V8 мотор, а во моментов претставува автомобил со преден погон, чиј најголем мотор е 3,6-литарски V6.

Во новата политика на „GM“ се вклучува и повлекувањето на концернот од различни пазари кои не носат приход за подолг временски период. Производителот веќе се повлече од Русија и и значително го скрати бројот на моделите кои ги предлагаше во Јужна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП