Каталонскиот весник „L`Esportiu“ пренесува дека еден од судиите бил под питисок да го поддржи Реал Мадрид во престојното Ел Класико. Се работи за еден од линиските судии, чие име не се објавува, а најверојатно целиот случај го истражува шпанската полиција.
Натпреварот помеѓу Реал и Барселона ќе се одигра на 21-ви ноември на „Сантијаго Бернабеу“ и во многу нешта би можел да го одреди понатамошниот тек на првенството, иако станува збор само за првата фаза од шампионатот.
Според истиот извор друг судија на неименуваниот линиски судија му соопштил дека добил инструкции на кој начин треба да му се помогне на Реал на тој натпревар.
Весникот пишува дека обвинителот од Барселона за случајот бил информиран на 19-ти октомври кога Јакинто Висенте, адвокат кој е специјализиран за спортски случаи, напишал документ во кој детално се опишуваат притисоците врз споменатиот судија.
Висенте барал да не се објавуваат името и личните податоци на судијата.
Линискиот судија наводно сакал овој документ да се објави, со цел во иднина да бидат спречени вакви инциденти.