5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПод истрага и Франц Бекенбауер

Под истрага и Франц Бекенбауер

франц-бекенбауер

Германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер се наоѓа под истрага на Етичкиот одбор на ФИФА. Покрај Бекенбауер под истрага е и Анхел Мариа Виљар првиот човек на Шпанската фудбалска федерација и потпретседател на ФИФА.

Иако официјално не е соопштено зошто овие двајца функционери се под истрага, се шпекулира дека истрагата е поврзана со добивањето на организацијата на светските првенства во 2018 (Русија) и 2022 (Катар), бидејќи двајцата во тоа време биле членови на дискредитираниот Извршен одбор на ФИФА.

Под истрага се и останатите членови на Извршниот одбор: Ворави Макуди, Џефри Веб, Рикардо Тешеира, Амос Адаму, Еигенио Фигуередо и Николас Леоц. Некои од наведените се уапсени во акцијата на швајцарската полиција во јуни оваа година.

Добивањето на Мундијалите од страна на Русија и Катар ги разлути нивните најголеми конкуренти Англија, Австралија и САД, кои веднаш обвинија дека овие две држави со пари ја купиле организацијата на СП-а.

Исто така Бекенбауер бил претседател на Организациониот одбор за СП во 2006 година кое се одржа во Германија, а минатата недела Германците признаа дека на ФИФА тогаш и исплатиле 6,7 милиони евра но дека таа уплата не била поврзана со добивањето на домаќинството на Мундијалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП