20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАдеми позитивен и на Б тестот

Адеми позитивен и на Б тестот

ademimi

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми, во вторникот, во Швајцарија го отворил Б наодот од допинг тестот, кој како и првиот направен во септември е позитивен, објави неговиот клуб Динамо Загреб на својата официјална интернет страница.

Европската фудбалска унија (УЕФА) околу супензијата ќе се изјасни на 27.октомври, а на Адеми му се заканува четиригодишна суспензија од фудбалот.

Доколку ја добие максималната суспензија Адеми на фудбалот ќе му се врати на 28-годишна возраст.

Македонскиот репрезентативец падна на допинг тестот по натпреварот помеѓу Динамо и Арсенал (2:1) во Лигата на шампионте, тој бил позитивен на еден анаболички стероид. Адеми тврди дека ништо свесно не земал и доколку тоа успее да го докаже може да му биде изречена само двегодишна суспензија.

Според правилата на УЕФА, Динамо и Адеми не смеат да коментираат ништо со овој случај сè додека дициплинската постапка не биде завршена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП