27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHP подготви подобрен Chromebook 14

HP подготви подобрен Chromebook 14

poljsi hp111111

Компанијата „HP“ ја освежи својата понуда на лаптопи „Chrome OS“ со претставувањето на подобрена верзија на „Chromebook 14“.

Новиот лаптоп има поелегантен дизајн од претходниот модел и доаѓа со одличниот нов „Full HD IPS“ екран од 14 инчи. Овој уред доби процесор „Intel Celeron N2840“ со такт од 2,16 GHz, 16 GB интерна меморија и 2 GB RAM.

„Chromebook 14“ е достапен во сребрена и сина боја, неговата дебелина изнесува 17,8 mm, a тежок е 1,78 kg. Од „HP“ тврдат дека батеријата трае девет часа и 15 минути.

Продажбата на овој преносен компјутер ќе стартува за неколку недели. Верзијата со резолуција на екранот од 1920×1080 пиксели ќе чини 279 долари, додека поевтиниот модел со екран кој има резолуција од 1366×768 пиксели ќе биде потребно да се одвојат 249 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП