3 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал шест недели без Ремзи

Арсенал шест недели без Ремзи

aremzy

Арсенал вчера ја забележа првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона. „Топчиите“ го совладаа минхенски Баерн со 2:0, но триумфот го засени повредата на Арон Ремзи.

Велшанецот го повреди бутниот мускул во 57-ма минута по еден дуел со Давид Алаба. Првичните прогнози се дека тој ќе мора да мирува во наредните шест недели.

Ремзи на терените би требало да се врати кон крајот на ноември, што значи дека ќе ги пропушти дуелите кои Арсенал ќе ги одигра во Премиерлигата против Евертон, Свонси, Тотенхем, ВБА, односно во Лигата на пампионите против Баерн и Динамо Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП