18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал го победи Баерн, голеада во Леверкузен

Арсенал го победи Баерн, голеада во Леверкузен

arsenal-arssss

Правата половина од натпреварите во третото коло во Лигата на шампионите донесоа победа на Арсенал над Баерн, осум голови во Леверкузен, два авто гола во Валенсија и реми во Киев.

Арсенал беше надигран од Баерн но успеа да слави со 2:0 и да се врати во борбата за осминафинале. Олимпијакос славеше во Загреб и си ги зголеми шансите за пласман во нокаут рундата.

Барселоа 50 минути се мачеше со БАТЕ Борисов, а на крајот со головите на Ракитиќ забележа рутинска победа. Мечот на вечерта се одигра во Леверкузен, Баер водеше против Рома со 2:0, потоа римјаните направија пресврт за 2:4, а во последните десет минти домаќинот стигна до бод.

Чезли не успеа да слави во Киев, во едниствениот меч на кој немаше голови, а Порто со триумфот над Макаби се искачи на првото место во својата група.

Зенит има три победи во првите три кола и е на чекор до осминафиналето. Хулк го предводеше рускиот шампион до победата над Лион. Гент и ја подари победата на Валенсија, откако неговите играчи си постигнаа два авто гола.

Група Е:

БАТЕ Борисов-Барселона 0:2

(Ракитиќ 49, 65)

Баер Леверкузен-Рома 4:4

(Чичарито 7, 19, Кампл 84, Мехмеди 86-Де Роси 29, 37, Пјаниќ 54, Фалке 74)

Табела: Барселона 7, Баер 4, БАТЕ 3, Рома 2

Група Ф:

Арсенал-Баерн 2:0

(Жиру 77, Езил 94)

Динамо Загреб-Олимпијакос 0:1

(Идеје 79)

Табела: Баерн 6, Олимпијакос 6, Динамо 3, Арсенал 3

Група Г:

Динамо Киев-Челзи 0:0

Порто-Макаби 2:0

(Абубакар 37, Браими 41)

Табела: Порто 7, Динамо 5, Челзи 4, Макаби 0

Група Х:

Зенит-Лион 3:1

(Дзјуба 3, Хулк 56, Дани 83-Лаказет 49)

Валенсија-Гент 2:1

(Нилсен аг. 15, Митровиќ аг 72-Фокет 40)

Табела: Зенит 9, Валенсија 6, Гент 1, Лион 1).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП