19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛас Палмас го отпушти тренерот Ерера

Лас Палмас го отпушти тренерот Ерера

PacoHerrera

Тренерот на Лас Палмас, Пако Ерера, доби отказ од раководството на клубот поради лошите резултати кои тимот ги бележи од почетокот на сезоната.

Ерера, кој успеа да го врати Лас Палмас во Примера по пауза од 13 години, во неделата загуби од Хетафе со 4:0.

Клубот не објави кој ќе го наследи 61-годишниот Ерера, кој е првиот тренер сезонава во Примера кој доби отказ.

Лас Палмас е последен на табелата со освоени пет бодови на осум одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП