International Business Machines (IBM) во третиот квартал оствари пад на приходите за 13,9 отсто на годишно ниво, што е веќе 14 квартал по ред како приходите на технолошкиот гигант се намалуваат.
IBM во понеделникот објави дека неговите вкупни приходи во изминатиот квартал изнесуваа 19,28 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа 19,62 милијарди долари.
Нето добивката на компанијата паднала за 14,5 отсто, на 2,96 милијарди долари, додека во третиот квартал од минатата година изнесуваше 2,46 милијарди.
Најголемата глобална услужна технолошка компанија, со над 350.000 вработени во светот, се наоѓа во длабока транзиција. Веќе подолго време преку реструктуирање настојува да се реши од деловите кои носат помала заработка или загуби, а да го пренасочи своето работење кон ‘cloud’ и услугите на мобилна сигурност.