3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА: 23-ца во конкуренција за „Златната топка“ (видео)

ФИФА: 23-ца во конкуренција за „Златната топка“ (видео)

topkata 33

Стручната комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА), составена од фудбалски легенди, го скрати списокот на играчи кои конкурираат за престижната награда „Златна топка“.

Прелиминарниот списокот на кој имаше 59 имиња, фудбалските легенди кои ја сочинуваат стручната комисија го скратија на 23 имиња. Најмногу фудбалери (шест) на оваа листа има актуелниот шпански и европски првак Барселона, а со по пет играчи партиципираат Реал и Баерн Минхен.

„Златната топка“ за 2014-та година ја освои Кристијано Роналдо, но според обложувалниците тој има мали шанси да ја одбрани титулата најдобар на светот. Фаворит оваа сеозна за добивање на престижната награда е Лионел Меси.

За кандидатите од 26-ти октомври до 20-ти ноември ќе гласаат селекторите и капитените на националните тимови, односно новинарите, а имињата на најдобрите тројца ќе бидат објавени на 30-ти декември. „Златната топка“ ќе биде доделена на 11-ти јануари наредната година.

Кандидати за наградата „Златна топка“:

Серхио Агуеро (Аргентина/Ман.Сити), Герет Бејл (Велс/Реал), Карим Бензема (Франција/Реал), Кристијано Роналдо (Португалија/Реал), Кевин Де Бруин (Белгија/Волфсбург/Ман.Сити), Еден Азар (Белгија/Челзи), Златан Ибрахимовиќ (Шведска/ПСЖ), Андрес Иниеста (Шпанија/Барселона), Тони Крос (Германија/Реал), Роберт Левандовски (Полска/Баерн), Хавиер Маскерано (Аргентина/Барселона), Лионел Меси (Аргентина/Барселона), Томас Милер (Германија/Баерн), Мануел Нојер (Германија/Баерн), Нејмар (Бразил/Барселона), Пол Погба (Франција/Јувентус), Иван Ракитиќ (Хрватска/Барселона), Ариен Робен (Холандија/Баерн), Џејмс Родригез (Колумбија/Реал), Алексис Санчез (Чиле/Арсенал), Луис Суарез (Уругвај/Барселона), Јаја Туре (Брег на Слонова коска/Ман.Сити), Артуро Видал (Чиле/Баерн).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП