4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтаниќ повторно ќе брани за Србија

Станиќ повторно ќе брани за Србија

darko_stanic2 (1)

Поранешниот голман на Металург, Дарко Станиќ, решил повторно да настапува за ракометната репрезентација на Србија. Како што пренесува Спортски журнал, селекторот Дејан Периќ се договорил со Станиќ тој да биде во тимот кој ќе настапи на ЕП во Полска.

„Разговаравме конкретно и долго. Нашите визии се поклопуваат и во интерес на ракометот Дарко ќе ѝ помогне на репрезентацијата на ЕП во Полска. Тој има желба, поседува огромно искуство, а тоа е добитна комбинација“, изјавил српскиот селектор Периќ.

Претходно предводникот на Србија се договорил и со Жарко Шешум и тој по подолга пауза да се врати во националниот тим.

ЕП во Полска ќе се игра од 15-ти до 31-ви јануари наредната година, а Србија е во А групата заедно со Македонија, Франција и Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП